19 Декември, 2025
0.0544

ВО ГРЦИЈА КАЗНИ ФРЧАТ НА СИТЕ СТРАНИ: Само во Халкидики имало 1.873 пријави

Објавено во: Балкан 06 Август, 2024 10:27

Добивај вести на Viber

Во текот на јули биле спроведени 10.000 контроли на плажите во Грција за почитување на условите предвидени со доделените концесии, а досега за неправилности се изречени казни во висина од над 1.150.000 евра, според генералниот секретар за информациски системи во Министерството за дигитално управување Димостенис Анагностопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“, Анагностопулос објасни дека интензивираните контроли се должат и по пријавите од граѓаните преку специјалната апликација „My Coast“ која досега ја имаат инсталирано 103.000 граѓани, а паралелно истакна дека она што е важно е што првпат се јавно познати законските закупи низ целата земја.

Од Министерството за национална економија и финансии на Грција минатата седмица соопштија дека при инспекциите спроведени во текот на јули, било констатирано дека општата слика е значително подобрена во споредба со претходните години, „бидејќи поголемиот дел од бизнисите кои работат на плажите ги почитуваа новите правила и новата законска рамка“, но сепак постојат и прекршувања.

Додадоа дека Халкидики, областа Атика, поширокиот регион на Атина, Превеза, островите во Егејското море, Крит и Крф се регионите во земјата за кои имало најголем број пријави за нерегуларности на плажите.

Само за Халкидики имало 1.873 пријави од кои 234 во период од една седмица. 


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен