Назначен нов директор на Операторот на пазарот за електрична енергија
Објавено во: Економија 07 Август, 2024
Зоран Ѓорѓиевски е назначен за нов директор на националниот оператор на пазарот за електрична енергија МЕМО на местото на досегашниот прв човек Симон Шутиновски.
Ѓорѓиевски доаѓа на оваа функција како вработен во самиот оператор од одделот за обновливи извори на енергија.
Новиот директор е експерт за берзанско поврзување на пазарот на електрична енергија.