Бранко Црвенковски: Требаше да ги заштитам работниците-акционери од менаџерите
Објавено во: Економија 27 Септември, 2021 10:49
Бранко Црвенковски, поранешниот претседател на Македонија, обраќајки се на свечениот собир на МАНУ за јубилејот од формирањето на современата македонска држава, рече дека една од неговите грешки била тоа што не ги заштитил работниците-акционери во транзицијата пред 30-тина години од притисокот на менаџерите на претпријатијата.
„Транзиција во негативна смисла се сведува на негативен призвук. Во Југославија се донесе одлука да се напушти социјализмот и да се гради капитализмот, некои претпријатија одлучија мнозински да се приватизираат уште додека бевме во рамките на Југославија по законот на Анте Марковиќ. Сите вработени со големи попусти и рати да станат сопственици на акции во своите фирми. Тоа изгледаше праведно. За жал многу често тоа не беше случај. Во многу претпријатија под притисок и уцена да не ги заагубат своите места, ги отстатпуваа своите акции на менаџерите, а ние не создадовме механизми за заштита.
Со ова искуство и со овој памет знам дека со сигурност тогаш работите би ги направил поинаку. Негативните последици мора да се признаат и за грешките додека бев премиер носам целосна одговорност“, рече Црвенковски во дел од својот говор пред академците од МАНУ, стопанската комора и Националниот институт по историја.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




