14 Јануари, 2025
0.0278

БРАШНО, МАСЛО, КОНЗЕРВИ: Жителите на планинските села си имаат залихи за долга и снежна зима

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Брашно, сол, шеќер, масло за јадење, конзервирана храна се залихите кои жителите на планинските села ги набавуваат уште во есенските месеци, со цел да бидат спремни во случај на долга и снежна зима. Оваа навика ја имаат со години. Додека времето е убаво, се спуштаат во градовите и купуваат храна. Периодов, повеќе села во земјава се завеани и отсечени од цивилизацијата.

„Ние знаеме дека ќе падне снег и ги имаме набавено основните продукти. Селото е на 1.400 метри надморска височина. Сите имаме брашно, масло, шеќер, сол. Со години така сме навикнати. Ако државата не се грижи како што треба за граѓаните, мораме да се организираме.  Во селото има над 60-70 цм снег, и патот е очистен провизорно, но не сме задоволни. Не е добро очистен. Не дај боже во случај на болест или други несакани работи, патот треба да е чист.  Многу треба да се поведе сметка, посебно за Броштица. И до училиштето не е исчистено. Ситуацијата во Броштица е алармантна. Завеани сме. Со лопати, од едниот крак 10-15 луѓе, и на другиот исто толку, чистиме. Ние сме на 14 км од градот Дебар“, вели Казафер Емруловски, жител на селото Броштица во Центар Жупа.

Оние што чуваат добиток, имаат млеко, месо, сопствени млечни производи. Храната не е проблем, но проблем е како би стигнале до градот ако имаат потреба од здравствени услуги.

„Нормално дека секој што живее во планина, си има залихи и тоа брашно, шеќер, основни продукти за прехрана, луксуз не. Не можеме да трупаме претерано храна, оти производите си имаат рокови. Во селото немаме продавница. Храната ја купуваме во Дебар. Во почетокот на декември си формираме залихи. Блиску сме до главниот пат и не сме критични. Кај нас 90 отсто од патот е прооден“,  вели Доста Тортевска, од селото Јанче.

И туристичкото место Галичник зимата ја мина под дебел снег. Патот уште не е расчистен.

„Патот е уште завеан до Галичник. Специфичен е теренот таму, има висока снежна покривка. Не мора да врне нов снег, доволно е да дува ветер и се формираат нови наноси на патот од постоечкиот снег.  Основни продукти сите си купуваат, оние што се таму и оние што планираат да поминат време во Галичник. Јас имам оставено основни продукти како брашно, масло, макарони, конзерви, риба. Имам повеќе залихи горе отколку овде во Скопје. Во ноември веќе треба да си имаат залихи, да биде завршено снабдувањето. Минатите зими тој патен правец успеавме да го одржуваме прооден, но сега не е така. Оваа година е различна од претходните. Од „Македонија пат“ имаше обиди да се исчисти, но поради висината на обвивката и специфичноста на теренот, невозможно е според мене засега да се исчисти“, раскажува Александар Костиќ, претседател на месна заедница во селото Галичник.

Центарот за управува со кризи(ЦУК) деновиве извлекуваше завеани лица во кочанско. На Попова Шапка и во Маврово има повеќе од половина метар снег. Снег ќе вее до среда, а потоа ќе има стабилно и суво време. Во целиот регион има снежно невреме.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори