15 Декември, 2025
0.0286

БРАВО ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, НОВА ЕРА СО ТРАМП...ВАКА ГЛАСАТ ЧЕСТИТКИТЕ НА ЛИДЕРИТЕ: Му честитаат за победата на изборите

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2024 13:57

Добивај вести на Viber

Американските граѓани се изјаснија – Доналд Трамп се враќа во Белата куќа како 47. претседател на САД. Од сите страни на светот, светските лидери испраќаат честитки за неговиот камбек, изразувајќи поддршка и очекувања за нови соработки со Вашингтон. Победата на Трамп беше официјално потврдена, а честитките почнаа да пристигнуваат уште од рано утро, веднаш штом стана јасно дека тој обезбеди недостижна предност пред демократската кандидатка, Камала Харис.

На новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, му пристигнаа честитки и од водечките европски лидери, кои ја истакнаа важноста на трансатлантската соработка во овој нов период. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, веднаш го поздрави изборот на Трамп, по што следеа и изјавите на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, како и од италијанската премиерка Џорџа мелони, австрискиот канцелар Карл Неамер, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тие изразија подготвеност за продолжување и продлабочување на односите меѓу Европа и САД, нагласувајќи ја важноста на партнерството во справување со глобалните предизвици.

„Моите најсрдечни честитки до Доналд Џеј Трамп. ЕУ и САД се повеќе од сојузници. Нѐ врзува вистинското партнерство на нашите луѓе, кое обединува 800 милиони граѓани. Затоа, ајде да работиме заедно на силна трансатлантска агенда која продолжува да работи во нивна корист“, наведе Фон дер Лајен на Твитер.

„Честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД. Германија и САД веќе долго заедно успешно работaт на промовирање на просперитет и слобода на двете страни на Атлантикот. Ќе продолжиме да го правиме тоа за доброто на нашите граѓани“, напиша Шолц.

„Честитки до претседателот Доналд Трамп. Подготвен сум да соработуваме како што и правевме четири години. Со вашите и моите верувања. Со почит и амбиција. За мир и просперитет“, напиша Макрон.

„Италија и САД се „сестрински“ нации, поврзани со непоколеблив сојуз, заеднички вредности и историско пријателство. Тоа е стратешки однос, кој сигурна сум дека сега уште повеќе ќе го зајакнеме. Браво Претседателе“, напиша Мелони.

„САД се важен стратешки партнер на Австрија. Се радуваме на натамошното проширување и зајакнување на нашите трансатлантски односи со цел успешно да одговориме на глобалните предизвици“, напиша Неамер на социјалната мрежа Твитер.

„Само што му честитав на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД. Неговото лидерство уште еднаш ќе биде критично за одржување на нашата алијанса силна. Се радувам дека повторно ќе работам со него за промовирање на мирот преку НАТО“, порача Руте.

„Нова ера“

И турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поздрави својот „пријател“ Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД, опишувајќи ја како резултат на „голема битка“. Ердоган во својата објава на Твитер истакна дека верува во отворање на нова ера, во која ќе се вложат повеќе напори за поправеден свет. Исто така, тој изрази надеж дека ќе дојде до крај на актуелните регионални конфликти, особено на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа и војната меѓу Русија и Украина.

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете