19 Декември, 2025
0.0443

БРЕГЗИТ: Историска грешка, ќе предизвика домино ефект во ЕУ

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2016 11:42

Добивај вести на Viber

Излез на Британија од ЕУ би можел да биде чкрапало за слични потези на други членки на блокот од источна Европа, предупреди шефот на луксембуршката дипломатија Жан Аселборн.

Граѓаните на Британија на референдум на 23 јуни ќе гласаат за тоа дали да останат или излезат од ЕУ, што би можело да има далекусежни последици по политиката, економијата, одбраната и дипломатијата на целиот „стар континент“, пренесе Ројтерс.

„Не може да се исклучи можноста дека Брегзит ќе предизвика домино ефект на истокот на Европа“, рекол Аселборн во интервју за германскиот весник „Tages špigl am Zontag“.

Тој навел дека „историска грешка“ на британскиот премиер Дејвид Камерон е што воопшто помислил да повика референдум за членството на неговата земја во Унијата.

Дури и Британците да одлучат дали да останат во ЕУ, „тоа нема да го реши проблемот кој произлегува од негативниот став на Британците кон Европската унија“, истакнал луксембуршкиот министер.

Аселборн додал и дека понекогаш има впечаток дека Камерон и шефот на владеачката полска Партија на правата и правдата Јарослав Качински имаат таен договор за тоа да работат против европските интеграции.

Откако победила на изборите лани, полската конзервативна и евроскептична влада се спори со органите на Европската унија по низа различни прашања, почнувајќи од слободата на говор и демократија, па се до енергетиката и екологијата.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии