19 Декември, 2025
0.0448

Брегзит веќе удира по џебот на Британците

Објавено во: Економија 17 Август, 2016 21:47

Добивај вести на Viber

Додека досега последиците од изненадното гласање за излез од ЕУ беа теоретски, Британците веќе чувствуваат по џебот дека работите се менуваат, забележуваат локалните медиуми.

Фунтата загуби 10-15% од вредноста во однос на еврото и доларот по референдумот од 23 јуни и ги зголеми цените на стоки, обезбедени од странски компании - автомобили, компјутери, облека и храна.

Француските производители на автомобили Peugeot и Citroen соопштија дека од 1 август нивните цени скокнаа со просек 2%. Американската компанија за производство на компјутери Dell пак истакна дека треба да ја наплати цената на компонентите во долари во понудените нејзини производи на британскиот пазар . Британската Headlam посочи дека девалвацијата на фунтата ја зголемила цената на тротоарите увезени главно од Белгија и Холандија, со околу 6%.

Сега погледите се вперени во храната и имотите кои останале недопрени, но промените и во нивните цени се закономерни. Беспомошната конкуренција меѓу супермаркетите, кои се обидуваат да го задржат својот удел на пазарот, обично омекнува нагли промени во цените на прехранбените производи, но Брегзит може да ги промени правилата, смета аналитичарот Фрејзер Маккевит, бидејќи„околу 40 отсто од храната во Велика Британија се увезува“.

Кај кириите сепак, трендот е во спротивна насока. Кај ново изнајмените домови во Лондон кириите паднаа за прв пат по 6 години, според првото истражување направено по референдумот. Експертите очекуваат силна инфлација во следните месеци, туркајќи ја нагоре зголемената цена на увозната храна и алкохолни пијалоци. Народната банка Bank of England исто прибегнаа кон парични инструменти, во обид да спречат лизгање на економијата во рецесија, што најверојатно ќе ја зголеми паричната достапност и како резултат ќе ја стимулира инфлацијата и ќе ја ослаби фунтата. Британците, кои се потпираат на зголемување на платите за надоместување на зголемените цени, можеби ќе бидат разочарани, покажуваат анализите.

„Најверојатно куповната моќ на потрошувачите значително ќе се намали во текот на следните месеци со трендот за зголемување на инфлацијата и ограничување на растот на профитот“, предупредува Хауард Арчер од Global Insight. Работниците кои ќе добијат зголемување на платите благодарение намалување на протокот на неквалификувана странска работна сила, едвај ќе почувствуваат подобрување на животниот стандард поради општото забавување на економијата во периодот по Брегзит , заклучува извештајот на оваа тема.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка