05 Декември, 2025
0.0292

Брендот „Cottin Paris“ излезе со луксузни додатоци за Ајпод

Објавено во: Стил 09 Јули, 2013 13:50

Добивај вести на Viber

Не знаете како да го заштитите новиот таблет, Ајпод или Ајфон од прав или гребнатинки? Брендот „Cottin Paris“ нуди одговор на ова прашање. Производителот кој се занимава со прилагодување на разни предмети, креираше декоративни футроли за Ајпод мини. Брендот користел и благородни материјали и драгоцена кожа за да го обложи Ајподот со целосна елеганција. Новите додатоци на „Cottin Paris“ се направени со прецизна рачна изработка, во повеќе нијанси кои директно се аплицирани на футроли за да се зачува оригиналниот дизајн и дебелина на Ајпадот. ajfoncoton Новите предмети доаѓаат во повеќе бои и облици. „Dauphine“, во бледо златна боја, чини 4.000 долари, „Coligny“ со матирана црна алуминиумска школка и црна крокодилска кожа чини 3.600 долари и „Mazarine“, со својот силен изглед во сребрена боја со розова крокодилска кожа чини 4.000 долари. Други бои на „Cottin Paris“ колекција се бела и црвена, длабока махагони и сива кожа на гуштер, а цената им е 2.800 долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: