Brian May, соосновачот на Queen, порачува: Сите сме научници!
Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2015 14:01
Првиот службен Ден на астероидите (Asteroid Day) ќе се одржи на 30 јуни 2015, на годишнината од ,,Тунгузката експлозија‘‘ во 1908 година-најголемиот удар на астероид на Земјата во поновата историја. Discovery Science, глобалната телевизиска мрежа целосно посветена на науката, е службен партнер на оваа иницијатива. Преку посебната програма ,,Одбројување до Денот на астероидите‘‘, гледачите на Discovery Science имаат можност да научат повеќе за астероидите, да учествуваат во натпревар и да ги следат промоторите на овој настан-угледни научници, астронаути и медиумски личности меѓу кои се: Lord Martin Rees, почитуван член на British Astronomer Royal, Richard Dawkins, експерт за биологијата на однесувањето, Brian May,астрофизичар и легендарен соосновач на бендот Queen како и Bill Nye, педагог, комичар, водител, писател и научник.
Погледнето го видеото во кое Brian May, помеѓу останатото објаснува како настанала неговата гитара и како порачува дека сите ние сме научници.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/DPwHHtL1gZ8[/embed]Можат ли научниците да го предвидат ударот од астероидите? Колку се чести ударите од астероиди? Одговор на ова и многу други прашања може да се проследат на денот посветен на астероидите кој е глобален проект чија цел е да ги едуцира луѓето за опасноста од астероиди, како и што може да направиме за да се заштитиме во ситуации како например падот на метеорите во 2013 во Русија.
Discovery Science европски натпревар
По повод одбележувањето на Денот на астероидите, Discovery Scienceпокренува посебен натпревар за гледачите на www.yourdiscoveryscience.com . За учество е потребно да се постават видео или фотографија кои најдобро би опишале како би се заштитиле од ударот на астероид на Земјата. Натпреварот трае до 30 јуни 2015, а пријавите ќе ги оценуваат експерти помеѓу кои Brian May од Queen, астронаутот Rusty Schweickart од вселенската мисија Аполо 9 како и режисерот на филмот „51 степен северно”, Grigorij Richters. Победникот ќе освои приватна прошетка на најголемите телескопи во светот на островот Ла Палма во Шпанија како и гостување на Discovery Science.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





