„Брилијант“ започна со работа како посебна фирма
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2025 09:41
Од вчера официјално како новорегистрирана компанија и посебно друштво започна да работи најпознатата фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип.
Досега фабриката функционираше како подружница во рамки на акционерското друштво „Витаминка“, чие раководство на крајот на минатиот месец донесе одлука на седница на собрание да го издвои како посебен субјект.
Прилепската прехранбена индустрија пред седум години го купи „Брилијант“ за 7,3 милиони евра од „Комерцијална банка“.
Вредноста на „Брилијант“ е 6,8 милиони евра во непаричен влог, а директор останува досегашниот раководител Павле Кафтанов.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




