20 Декември, 2025
0.0659

Британија ќе претстави нова мерки за контрола врз имигрантите

Објавено во: Свет 25 Март, 2013 09:47

Добивај вести на Viber

Нови мерки за контрола врз миграцијата ќе претстави денеска Британскиот премиер Дејвид Камерон, што имаат за цел да ги обесхрабрат имигрантите од Романија и Бугарија да се преместат да живеат во Велика Британија, откако на почетокот на следната година ќе се повлечат ограничувањата за патување и работа во земјата, пренесоа британските медиуми.

Камерон предвидува ограничување на пристапот до Националната здравствена служба на Велика Британија, а новите имигранти ќе треба да чекаат пет години пред да имаат право на социјален стан.

Казните за работодавачите, кои најмиле нелегални работници, ќе бидат двојно зголемени. Казни се предвидуваат и за наемодавачите кои на нелегални имигранти под наем ќе им дадат свој имот.

Повлекувањето на ограничувањата на Европската унија за слободно движење на Романците и Бугарите од следната година појави реакции на десничарски политичари, кои предупредија за опасноста од приближување на „орди“ гладни имигранти, кои ќе бараат социјална помош во Велика Британија во момент кога економијата е во застој и државните трошоци се намалени.

Имиграцијата се претвора во едно од главните стравувања на избирачите пред изборите во 2015 година, покажуваат социолошките истражувања.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја