БРИТАНИЈА ЌЕ ИМ ПЛАЌА НА ГРАЃАНИТЕ ШЕСТ ФУНТИ ПО КИЛОВАТ/ЧАС: За таа цена тие треба да престанат да користат машини за миење садови и за сушење алишта
Објавено во: Економија 24 Август, 2022 07:47
Владата во Лондон размислува да им плати на домаќинствата 6
фунти за киловат-час потрошена електрична енергија, или 12 пати поголема од
цената на електричната енергија, само за да престанат да користат некои апарати
за домаќинство во време на најголемо оптоварување на мрежата.
Британската влада ја разгледува оваа можност за да заштедат струја, што нема да биде доволно оваа зима. Според веќе дадениот предлог, Британците би можеле да добијат намалени сметки за дури шест фунти по киловат-час потрошена струја, што е 12 пати повеќе од цената на струјата.
За тие пари, тие само треба да престанат да користат некои апарати за домаќинство, на пример, машини за миење садови и сушење алишта, за време на најголемото оптоварување на мрежата - во попладневните и вечерните часови.
Струјата во Британија моментално чини 18 пени за киловат-час. Надлежните стравуваат дека ниту најавеното поскапување од октомври до 51 пени нема да влијае на значително намалување на потрошувачката. Според британските медиуми, националната електроенергетска мрежа предупреди дека снабдувањето со електрична енергија може да биде проблем оваа зима, и покрај скокот на цените, поради намалената испорака на руски гас во Европа. Како што велат, системот може да биде преоптоварен бидејќи се предвидува дека луѓето ќе се греат на струја поради недостигот на гас.
Планот е за секој киловат-час заштедена струја, граѓаните да добиваат по шест фунти намалувања, со што би се намалиле нивните годишни сметки за струја за неколку стотици фунти. Новата шема се уште не е детално направена, но се знае дека би можела да почне да се применува од октомври.
- Развиваме нов метод, кој ќе им овозможи на граѓаните да профитираат во текот на оваа зима, а повеќе детали ќе откриеме наскоро - велат од британската електромрежа.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




