Британска компаниja ќе го гради „Kingdom tower“, највисокиот облакодер во светот
Објавено во: Стил 22 Февруари, 2013 10:24
Компанијата „Масе“ со седиште во Лондон ќе работи на изградбата на облакодерот Kingdom Tower, заедно со друга британска компанија EC Harris.
Кога ќе биде завршен облакодерот висок еден километар ќе биде близу два ипол пати повисок од од светскиот бизнис центар Freedom Tower, кој се гради во Менхетен на местото на кулите близначки срушени на 11 септември и два пати повисок од Светскиот финансиски центар. во Шангај. Облакодерот ќе биде за 172 метри повисок од сега највисоката градба во светот - Burj Khalifa в Дубаи.
Изградбата се очекува да чини околу 780 милиони британски фунти и да се гради повеќе од 5 години. Во облакодерот е предвидено да има хотел со 5 звезди, апартмани, канцеларии и обсерваторија.
Од компанијата нарачател на облакодерот Jeddah Economic Company велат дека овој проект е визија на саудискиот принц Ал-Уалид бин Талал.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





