Британската фунта ја демне закана за опстанок
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2013 14:28
Својот сегашен безбеден статус британската фунта ризикува да го загуби кај меѓународните инвеститори и финансиери, поради дилемите што постојано растат околу иднината на Велика Бритаија во ЕУ, предупредуваат експерти во лондоскиот финансиски центар Сити.
Фунтата ја загуби својата вредност во однос на еврото за три и кон американскиот долар за два отсто, на самиот почеток од оваа година, откако ја заврши 2012 година, како една од најстабилните валути во светот.
Заканата за фунатата се јавува во време кога премиерот Дејвид Камерон продолжува да се наоѓа под силен притисок на евроскептиците во неговата Конзервативна партија и на десно ориентираните триевски пратеници во британскиот Парламент, кои од него бараат да изнуди од Брисел отстапки за нови преговори со Брисел. Ваквото барање се засили откако земјите членки на зоната на еврото се повеќе се интегрираат кон една поцврста политичка унија.
Експерти на швајцарската банка УБС, една од трите најголеми банки за трговија со валутите во светот предупредуваат дека продолжувањето на кризата во британско-европските односи, ќе ја погоди фунтата.
- Две години трговците со пари стравуваа од можноста за распад на Европската монетарна унија, но сега стравуваат од она што ќе го направи Владата во Лондон, во нејзините односи со ЕУ, изјави за „Дејли телеграф“, Шахаб Џалинус, аналитичар на УСБ.
Според неговото објаснување, за берзанските експерти сега е неизвесно дали Велика Британија, по 40 години членство, ќе остане и натаму во ЕУ
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




