Британскиот сој е за 35 отсто посмртоносен од другите мутации
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Јануари, 2021
Британскиот сој на коронавирусот е за 35 отсто посмртоносен од другите мутации.
Се советува граѓаните да носат маски, да не престојуваат во непроветрени простории, да не престојуваат во затворени простории подолго време
Доктор Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“, на Фејсбук профил ги објави најнови сознанија за оваа мутација на коронавирусот.
1. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно, ако требало да се заразат 1.000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно.
2. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со небритански соеви.
3. Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1.000, ќе се заразат 1.500 и наместо да починат 10, ќе починат 20.
4. Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој.
Кунгуловски вели дека пандемијата е далеку од завршена и единствениот спас е глобалната вакцинација, што побрзо толку подобро.
Во земјава 46 годишен охриѓанец почина од британскиот сој. Тој е првата жртва. Британскиот сој побрзо продира во телото.Овој вид веќе го има во повеќе од 70 земји. Во светот се откриени повеќе мутации на овој опасен вирус кој лани се појави во Вухан, Кина.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.