Британците против одлуката за ограничување на банкарските бонуси
Објавено во: Свет 05 Март, 2013 13:28
Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн во Брисел настојува да ги разувери министрите на другите земји членки на ЕУ, да не ја прифатат усвоената препорака на европскиот Парламент, за ограничување на бонусите на банкарите.
Според оваа препорака, банкарските бонуси во иднина не смеат да бидат повисоки од 100% од годишната плата на банкарите, или до најмногу 200 отсто од платата, доколку со тоа се согласи одборот на акционерите на банката.
Лондонскиот финансиси центар Сити остро реагираше на ваквото решение на европратениците, означувајки го како штетно.Финансиски експерти во Лондон стравуваат дека поради тоа многу помлади експерти и банкари би можеле да си заминат од британскиот главен град, додека Сити би можел да ја загуби сегашната позиција на финансиски центар во светот.
Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон го нарече ова европско решение самоубиствено и против можноста за раст на економијата,додека Даунинг стрит 10 побара од ЕУ преиспитување на решението за ограничување на банкарските бонуси.
- Ние сме загрижени од можноста оваа мерка да биде прифатена целата ЕУ и разговараме со нашите партнери за ова прашање -рече портпаролот на кабинетот на премиерот Дејвид Камерон.
Во Лондон се тврди дека покрај Велика Британија, протов лимитирање на бонусите се и Холандија, Шведска и Германија. Министерот финансии на Ирска, Мајкл Нунан, изјави денеска дека мали се шансите на Британците да ги разуверат другите, особено што сите земји членки на еврозоната се согласуваат со ограничување на бонусите.
Проблем Владата во Лондон е и референдумот во Швајцарија на кои големо мнозинство Швајцарци гласаа за лимитирање на база
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




