БРНАБИЌ ЗА СЕВЕРИНА: Жал ми е што нема да дојде, нема да можам да спијам
Објавено во: Балкан 29 Август, 2024 17:19
Aктуелната претседателка на српското Собрание, Ана Брнабиќ изјави дека жали што Северина нема да дојде во Србија и дека нема да може да спие поради тоа.
Брнабиќ за телевизијата Пинк изјави дека полицијата сакала да слушне што мисли Северина за литиумот, но и кој е нејзиниот став за Сребреница. Северина изјави дека нема да дојде во Србија додека српскиот претседател Александар Вучиќ е на власт, на што Брнабиќ иронично рекла дека поради тоа нема да може да спие.
„Многу ми е жал што Северина нема да дојде во Србија, што би рекла „додека е диктаторот Александар Вучиќ на власт“ нема да можам да спијам“, рече Брнабиќ.
Претходно, претседателот се осврна и на неколкучасовното задржување на Северина на граница.
„И мислам дека тоа е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која го мислам најлошото. Мораме да се разликуваме од нив“, коментираше Вучиќ.
Откако беше приведена на граница, Северина кажа каков бил односот кон неа.
„За време на сослушувањето почнаа да ми поставуваат прашања што мислам за Сребреница, Олуја, зошто ги поддржував демонстрациите против ископувањето литиум и напишав дека ова е Србија што ја сакам. Го допреа и Јасеновац, стигнаа и до Туѓман. Дали треба да кажам дека полицаецот во неговите 30-ти постојано се обидуваше да ми објасни дека само си ја вршел работата, затоа што јас сум јавна личност и имам општествено влијание, па еве… никогаш нема да дојдам во Србија повторно додека овој човек не си замине од власт. Сите добро знаеме кој“, рече таа.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека приведувањето на пејачката Северина Вучковиќ на граница „лицемерно и цинично“ се користи за напади врз Србија и дека таа нема забрана за влез, туку е повнимателно следена и контролирана, но повеќе нема да биде на списокот.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




