05 Декември, 2025
0.3528

БРОЈКИТЕ ЗАПРЕПАСТУВАЧКИ: Домаќинствата едвај успеваат да платат кредитна рата

Објавено во: Економија 30 Август, 2018 09:36

Добивај вести на Viber

Се потешко домаќинствата успеваат да ги плаќаат кредитните рати.

Бројките кои се фрапантни покажуваат дека само една третина успеваат да ги вратат заемите а закупнина за стан успеваат да плаќаат само 18 отсто од граѓаните 

Само 29 отсто или помалку од една третина од домаќинствата во земјава можат редовно да ги враќаат земените кредити и да ги вратат заемите, утврдила Народната банка. Анализа на статистичките податоци покажала дека само 18 отсто од македонските семејства може да си дозволат да плаќаат закупнина за стан. Податоците не се новина но, и Народната банка потенцира дека незадоволителната финансиска состојба на домаќинства и неможноста за редовно намирување на основните парични обврски наметнува потреба од нивно натамошно задолжување. Резултатите од истражувањата покажуваат дека дури 60 отсто од семејствата сметаат оти нивните месечни примања главно или во целост не ги задоволуваат потребите.

„Оттука, независно од фактичката состојба кај овој сектор претставена преку показателите за нивната задолженост, ранливост и финансиска позиција, резултатите од анкетните истражувања спроведени на избран примерок на домаќинства покажуваат дека согледувањата на домаќинствата за нивната финансиска состојба и оптовареност со долг не се поволни упатувајќи на незадоволство за финансиската состојба и извесни потешкотии во намирувањето на трошоците за живот“, велат од Народната банка.

Оттаму утврдиле и дека зголемената задолженост на домаќинства е поткрепена и од нивните согледувања за нивото на потребните месечни парични средства со кои би можело нормално да се живее. Всушност околу 40 отсто од домаќинствата сметаат дека месечни парични средства од 25.000 денари до 45.000 денари се соодветни за нормален живот.

Инаку во 2017 година има раст на долгот на домаќинствата, а според истражувањата околу една третина од домаќинствата сметаат дека нивната тековна финансиска состојба е полоша, додека помалку од 60 отсто сметаат дека е иста како и пред една година.  

A.T.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен