20 Декември, 2025
0.0391

Бројот на милијардери во светот расте-Еве каде има најмногу во моментов!

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2016 11:09

Добивај вести на Viber

Пекинг е новата светска престолнина на најбогатите луѓе во светот, надминувајќи го Њујорк, а Москва падна до трето место.

Податоците се од компанијата „Хурун Шангај“, која петта година по ред го објавува извештајот за бројот на милијардери во светот. Бројот на милијардери во Пекинг се зголеми во текот на годината од 95 до 100 лица.

Во првите десет се вклучени четири кинески градови: Хонг Конг, Шангај, Шенжен и Хангжу.

Москва падна на третото место во листата.

Вкупниот број на милијардери во светот во 2016 година достигна нов рекорд - 2188 лица, со 99 повеќе од претходната година.

Нивното вкупно богатство се зголемува со 9% - до 7,3 трилиони долари, што го надминува вкупниот БДП на Германија и Велика Британија заедно и изнесува речиси половина од БДП на САД.

Покрај тоа, Кина е водечки лидер по бројот на жените, кои заработиле над 1 милијарда долари. Кина има 93 од вкупно 124 дами кои имаат стекнато состојба над 1 милијарда долари.

Кина ги надмина САД по број на жители со финансиска состојба над 1 милијарда долари - 568 лица на 535 соодветно. На овие две земји се паѓаат повеќе од половина милијардери во целата листа.

На трето место е Индија (111 милијардери), претекнувајќи ги Германија, Велика Британија и Русија.

Во првите десет се наоѓаат уште Швајцарија, Франција, Бразил и Јапонија.

Најбогатите луѓе во светот се Бил Гејтс и Ворен Бафет, и покрај фактот дека нивната состојба во текот на изминатата година е намалена со 6% и 11%.

Богатството на Карлос Слим се стопи со 33 милијарди долари, со што милијардерот го отстапи третото место на табелата на Амансио Ортега, шпански трговец на мало и сопственик на „Inditex“.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба