25 Ноември, 2024
0.0297

БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ПАДНА ЗА БЛИЗУ 19 ИЛЈАДИ - се вратија ли работниците на старите работни места

Објавено во: Економија 13 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Се намалува бројот на невработени лица во земјава. Значи ли тоа дека попуштаат економските последици од кризата и дека се стабилизира пазарот на труд во земјава, e прашање за кое појасна слика ќе има во следниов период.

Податоците на Агенцијата за вработување говорат дека на крајот на јуни годинава сме имале 140.674 невработени лица.

Ако се направи споредба со пикот на високиот број на невработени лица, а тој бил во февруари годинава, и изнесувал 159.608 невработени, се гледа дека четири месеци подоцна, односно на крајот на јуни, бројот на невработени е намален за близу 19 илјади, односно прецизно 18.934 невработени.

Сепак, Агенцијата за вработување и натаму оперира со податокот дека околу 17 илјади луѓе останале без работа поради кризата со ковид 19.

„Со состојба на 30.06.2021 година евидентирани се 16.817 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот“, објаснуваат од Агенцијата на нивната веб страница.

Оваа и слична бројка од околу 17 илјади изгубени работни места од ковид кризата Агенцијата ја презентира уште од нејзиниот старт, па нејасно е како тука се уште нема промени.

Да погледнеме како се движеле бројките на Агенцијата за вработување.

Во март минатата година, кога на 11 ти во месецот почнаа рестриктивните мерки, имало 107.732 невработени во земјава. И, веќе во наредниот месец, април, бројката на невработени нагло скокнала, достигнувајќи 114.762 лица, или повеќе за над 7.000 лица.

Потоа во мај невработените продолжуваат драматично да растат, достигнувајќи 121.187 лица, а во јуни доживеавме нов драматичен скок, на 133.455 невработени граѓани, тренд кој не сопре ни во јули, месец во кој бројот на невработените се искачи на 141.777 невработени.

И во следните месеци растеше бројот на невработени, но тука некаде веќе се намали темпото на раст, односно тоа забави, што се совпадна со владините мерки од неколкуте економски пакети, а со кои се даваше финансиска поддршка на работодавачите за секое варботно место, но тие беа условувани одреден период да не ги отпуштаат вработените.

Потоа во август бројката била повторно поголема, но растот е поумерен, така што месецот завршува со 144.759 невработени. Во септември следува повторно посеризно зголемување, искачувајќи го бројот на невработени на 151.359 лица, а во октомври имаме ново зголемување, на 153.799 невработени лица.

На 155.218 невработени бројката се искачува во ноември, за декември и целата година да завршат со 156.432 невработени лица.

Како се движеше состојбата со невработеноста во оваа година?

Во јануари растот продолжил, и бројот на невработени лица изнесуваше 158.601 невработен, а во февруари се достигнува пикот од 159.608 невработени.

И веќе во март имаме позитивна пресвртница, односно бројот на невработени доаѓа до 145.327 невработени, што значи дека за само еден месец имаме намалување на бројот на невработените за 14.281 граѓани.

Тренд на постепено намалување продолжува и во април и во мај, за на крајот на јуни годинава да имаме 140.674 невработени.

Дали овој тренд ќе продолжи и бројката ќе се симне пак до околу 100 илјади невработени како што сме имале пред корона кризата, или, пак, може да се очекува и раст доколку корона бројките продолжат да бидат лоши и да доведат до построги рестриктивни мерки, особено такви кои би биле неповолни за бизнисот,, останува да видиме во наредниот период.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, пак, на крајот на првиот квартал од годинава, стапката на невработеност изнесувала 16 отсто, што е за 0,1 процентен пен пониска стапка во однос на претходниот квартал и воопшто најниска стапка досега.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 943.964 лица, од кои вработени се 793121, а 150.843 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,0, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 16,0 отсто“, се вели во соопштението од ДЗС.

Нина Нннеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?