БРОЈОТ НА РАЗВОДИ ЗГОЛЕМЕН ЗА 22 ОТСТО: Дали институцијата брак „умира“?
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2020
Во 2019 година драстично се зголемил бројот на разводи во однос на 2018 година.
Бројот на разводите во 2019 година бележи зголемување од 22.8 отсто во споредба со 2018 година и изнесува 1.990 разведени бракови. Полоша од 2019 била само 2010 година кога разводите пораснале за 33.6 отсто.
Во текот на 2019 година, најмалку бракови, односно 43 или 2.2 отсто се разведени во месец август, а најмногу, т.е. 244 или 12.3 отсто во месец ноември.
Според траењето на бракот, најголемиот број разводи, односно 430 или 21.6 отсто се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот, објави Државниот завод за статистика.
„Не би рекла дека бракот како институција го снемува, туку дека жената повеќе не е жртва, самостојна е, има созревање кај неа, знае дека може да не зависи од мажот кој емоционално или физички ја малтретира. Тоа е еден од факторите, а другите фактори се неверство или финансискиот статус кој исто така може да доведе до развод. Жената ако е анксиозна и депресивна, таа е неразбрана. Има многу бракови кои се склучени на брзина, додека партнерите не се познаваат добро, и потоа се забележуваат одредени карактерни особини. Причините за развод се различни“, вели Александра Мицевска, психолог.
Oд вкупниот број на двојки кои ја прекинале брачната заедница, 360 биле на возраст од 30 до 34 години.
349 двојки биле на возраст од 35 до 39 години кога се развеле, а 178 биле во возрасна група од 20 до 24 години.
Од разведените двојки 19 биле помлади од 20 години.
Во возрасната група од 40 до 44 години имало 304 разводи.
196 двојки биле на возраст од 40 до 49 години кога ја прекинале брачната заедница.
По 128 разводи имало кај луѓето на возраст од 50 до 54 години, и над оваа возраст.
Ако ги погледнеме бројките наназад, во 2018 година имало пад на бројот на разводи, а во 2017 мало зголемување во однос на 2016 година.
Годинава која отскокнува е и 2014. Бројот на разводи во 2014 година имал зголемување од 8.1 остто во споредба со 2013 година и изнесувал 2.210 разведени бракови.
И во 2013 година имало раст на бројот на разводи за 6.2 отсто во однос на 2011 година.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.