09 Октомври, 2024
0.0276

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ПАЛЕСТИНЦИ СЕ ДВИЖИ НАКАЈ 20.000: Само во неколку згради загинаа над 110 луѓе

Објавено во: Свет 18 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство во Газа соопшти дека Израел погодил неколку згради, при што загинале најмалку 110 луѓе. 

Тие загинаа во израелските воздушни напади врз Џабалија, на северот од Појасот Газа, соопшти денеска Министерството за здравство на Хамас, со што бројот на загинатите од почетокот на војната се искачи на 19.453.  Се смета дека најверојатно има повеќе жртви под урнатините. Ова не е можно да се потврди од независни извори, пишува агенцијата ДПА. Министерството за здравство на палестинската терористичка група Хамас денеска соопшти дека 19.453 лица се убиени во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври, пренесува АФП. Според министерството, владата на Хамас, која го контролира Појасот Газа од 2007 година, регистрирала 52.286 повредени. Џабалија, која важи за упориште на Хамас, е во центарот на интензивните борби меѓу израелските сили и Хамас. Како што објави СЗО, болницата Камал Адван во Џабалија е речиси целосно уништена.

Терористи од „Нукба силите“ на Хамас и терористи кои учествуваа во масакрот на 7 октомври се заробени во училиште во населбата Римал во Газа. Тие се заробени за време на рацијата на Алмаатсам во училиште од војници од 401-та бригада на ИДФ.

Претставник на Хамас вчера порача дека преговори за уште еден договор за размена на заложници и затвореници со Тел Авив не се можни додека израелската армија не се повлече од Појасот Газа и не се постигне трајно примирје.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изјави дека војната меѓу Израел и Хамас е закана за националната безбедност.

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан