ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент
Објавено во: Свет 08 Октомври, 2024
Словачкиот премиер Роберт Фицо вели дека ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент.
„Некои членови на Европскиот парламент, со леснотија на пролетно ветре, зборуваат за ракети со среден дострел, ракети со долг дострел… Можеби една таква ракета би можела да разнесе фонтана во Брисел за да сфатат што зборуваат“, кажа Фицо.
Тој изјави дека во Европа, наместо обиди за прекинување на оружениот конфликт, се слушаат повици за негово продолжување.
Претходно Фицо веќе ја критикуваше дозволата која некои западни земји му ја дадоа на Киев да ја напаѓа руската територија со западно оружје со долг дострел.
Вели дека таквата политика укажува на нивна желба за ескалација на конфликтот, но Словачка нема да биде вовлечена во такви воени авантури.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека Украина не може да ја добие војната со Русија и повторно вршеше притисок за преговори.
foto EPA
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.