09 Октомври, 2024
0.1018

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

Објавено во: Свет 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

 Кон Европа се движи ураганот „Кирк“, кој најверојатно ќе предизвика штета и нарушување во делови од Европа кога ќе пристигне оваа недела.

-„Кирк“ првично беше моќен ураган, кој се движеше помеѓу Бермудите на Карибите и Азорските Острови во централниот дел на Атлантикот во текот на викендот. Накратко стигна до категоријата 4 на скалата Сафир-Симпсон. Сега ќе остане многу силен бидејќи ќе се развие во моќна атлантска бура каква што често ја гледаме над Северен Атлантик и Западна Европа во текот на есента и зимата, објаснува метеорологот Ларс Ловински.

Приближувајќи се кон европското копно, „Кирк“ најверојатно од денеска ќе почне да влијае на северна Португалија и северозападна Шпанија. Можни се многу силен ветер и пороен дожд пред да пристигне.

-Главниот појас на силни ветрови ќе помине рано денеска, со ветер меѓу 100 и 130 км/ч, а можеби и до 145 км/ч на повисоките области, вели Ларс. 

Проблеми се очекуваат и во Франција, Германија, Швајцарија, Белгија...

„Кирк“ најверојатно ќе предизвика значителни последици поради силните ветрови и обилните дождови во споменатите региони. Се очекуваат штети на дрвја и покриви, прекини на струја, блокирани патишта и железнички линии“, објаснува Ларс.

Обилните дождови може да предизвикаат и поројни поплави и поплави на реките, а во најлош случај и лизгање на земјиштето во планинските области. Синоптичарите велат дека „Кирк“ би можел да донесе неколкучасовен силен дожд и силен ветер и во делови од ОК - но сè уште не е јасно колку точно ќе бидат силни.

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици 

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако