19 Декември, 2025
0.3542

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорот на детски камп

Објавено во: Свет 05 Јули, 2025 20:08

Добивај вести на Viber

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои и девет деца, соопштија локалните власти. Се додава дека потрагата продолжува, пренесува АП.

Властите претходно соопштија дека најмалку 24 лица се убиени, вклучувајќи повеќе од 20 девојки кои престојувале во летен камп.

Меѓу жртвите е и Џејн Рагсдејл, директорка и ко-сопственичка на детскиот камп за девојчиња „Харт О'д Хилс“ во градот Хант.

Во округот Кер, Тексас, досега се спасени или евакуирани повеќе од 230 луѓе, соопштија властите.

Многу од нив беа спасени со хеликоптер, бидејќи во делови од регионот врнеа дождови што се случуваат еднаш на 100 години.

Во меѓувреме, потрагата по повеќе од 20 девојчиња кои сè уште се водат како исчезнати од Кампот Мистик, приватен летен христијански камп лоциран покрај река која се искачила за повеќе од шест метри за помалку од два часа, продолжи.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, прогласи вонредна состојба порано денес поради поплавите во централниот дел на земјата во кои загинаа 24 лица, а повеќе од 20 се водат како исчезнати, а американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече поплавите „ужасни“ и вети федерална помош.

Вонредна состојба е прогласена во неколку окрузи во Централен Тексас, вклучувајќи ги окрузите Бандера, Комал, Кончо, Гилеспи, Кендал, Кер, Кимбал, Љано, Мејсон, Мекалоу, Менард, Ривс, Сан Саба и Том Грин.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата администрација соработува со државните и локалните власти на терен во Тексас за да одговори на поплавите во кои загинаа најмалку 27 лица, додека десетици сè уште се водат како исчезнати, и дека тој и првата дама на Соединетите Американски Држави се молат за сите семејства погодени од оваа ужасна трагедија.

Како што напиша на социјалната мрежа Truth Social, секретарката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, наскоро ќе биде во Тексас.

Фото: Јутуб

Можеби ќе ве интересира

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?