Бубалици се заканија: Дајте ни уште половина милион долари или веќе не снимаме
Објавено во: Стил 19 Септември, 2013 10:57
Да ни дадете половина милион долари или ништо од продолжението на снимањето на серијата „Бубалици“ (Big Bang Theory), порачаа ѕвездите на оваа серија.
Трите најголеми ѕвезди на хумористичната серија „Бубалици“ моментално број 1 во ударниот термин на американската телевизија, пријателски се договорија дека заедно ќе побараат зголемување на хонорарот. Џим Парсонс, Џони Галецки и Кејли Куочо моментално по епизода добиваат 350.000 долари, но тоа не им е доволно па ќе бараат половина милион долари и процент од продажбата на серијата.
Пред премиерата на седмата сезона, која е закажана за 26 септември, екипата приватно се собра и се договориле дека сите заедно ќе бараат зголемување. Овој потег потсетува на оној култниот „Пријатели“ кои со солидарен договор успеаа да договорат милион долари по епизода за последната сезона од популарната серија.
„Бубалици“ освои осум Еми награди, а се претпоставува дека зголемувањето на платата ќе го добијат, затоа што се зависи од гледаноста која сигурно нема наскоро да падне.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





