Добивај вести на Viber
Во првите два месеци од годинава, Владата потрошила речиси една четвртина од планираниот буџетски дефицит за цела година. Односно, потрошени се 23,5 отсто од планираниот дефицот за цела година.
Буџетскиот дефицит за годинава е испланиран да изнесува 308,6 милиони евра, а при тоа само во првите два месеци се потрошени 72,5 милиони евра. Во јануари биле потрошени, 27,5 милиони евра, додека во февруари 45 милиони евра.
Во истовреме, само во првите два месеци од годината, преку државни записи земјава се задолжила за сума од 58,5 милиони евра, што е 19,2 отсто од вкупно планираната сума за задолжување на домашен терен.
Потфрлање има кај капиталните расходи. Па така, од вкупната сума од 415,9 милиони евра планирани за капитални расходи за годинава, во првите два месеци од годината за оваа намена потрошени се 28,5 милиони евра.
Тоа значи дека реализацијата на капиталните расходи во првите два месеци од годинава изнесувала само 6,3 %. А, доколку парите планирани за капитални проекти се трошат рамномерно во сите месеци, тогаш во првите два месеци од годинава би требало да има реализација од 16,6 отсто за оваа намена, наместо сегашните 6,3%.
Како се полни буџетот- буџетски приходи во јануари и февруари годинава
Годинава планирано е во буџетот да се слеат 2,9 милијарди евра, а во првите два месеци во буџетот се слеале 420 милиони евра.
Ако се оди ставка по ставка за тоа како се полни буџетот, се гледа дека од
даноци на годишно ниво се планирани 1,6 милијарди евра, и во првите два месеци од годината се прибрани 237 милиони евра.
Односно, од данок на добивка се годинава се планирани да се приберат 178,5 милиони евра, при што во првите 19 милиони евра. Од персонален данок на доход се планирани да се приберат 227,7 милиони евра, и во првите два месеци од годината се прибрани 33 милиони евра. Од ДДВ годинава е планирано во буџетот да се селат 774 милиони евра, а во првите два месеци се слеале 125,8 милиони евра. Од акцизи годинава се планира 328,8 милиони евра, а во првите два месеци од годината во буџетот по овој сонов влегле 46,6 милиони евра.
Од
придонеси за годинава се планирани да се слеат 799,7 милиони евра, а во првите два месеци се селале 120,9 милиони евра.
Од
неданочни приходи на годишно ниво се планирани 299 милиони евра, а во јануари и февруари се прибрани 32,4 милиони евра. При тоа, од административни такси и глоби годинава се планирани 36,5 милиони евра, а во првите два месеци се собрани 4,4 милиони евра.
Како се троши буџетот - буџетски расходи во јануари и февруари годинава
Вкупните расходи за годинава се планирани да изнесуваат 3,2 милијарди евра. Во првите два месеци од годината расходите изнесувале 492,7 милиони евра.
При тоа, за годинава за
плати се планирани 421,2 милиони евра, и во првите два месеци од годината се потрошени 69 милиони евра.
Потоа за
стоки и услуги за годинава се планирани 321,4 милиони евра, а во првите два месеци се потрошени 18,4 милиони евра.
За
трансфери се планирани 1,9 милијарди евра, а во првите два месеци од годината се потрошени 338,5 милиони евра.
Ако оваа ставка трансфери се анализира одделно тогаш, за социјални трансфери од планираните 1,4 милијарди евра на годишно ниво, за првите два месеци се потрошени 245,5 милиони евра. Кај Фондот за ПИОМ каде трошоците на годишно ниво се планирани на сума 848,4 милиони евра, во првите два месеци од годината се потрошени 155 милиони евра. За здравствена заштита годинава се планирани 406 милиони евра, а во јануари и февруари за оваа намена се потрошени 69,5 милиони евра. За социјална помош се планирани 126,3 милиони евра, а во првите два месеци од годината се потрошени 17 милиони евра. А во ствката други трансфери се планирани 482 милиони евра, од кои во првите два месеци се реализирани 90 милиони евра. Кај Агенцијата за вработување се планирани 24,7 милиони евра, а досега се реализрани 4 милиони евра.
За плаќање на
камати за гоиднава се планирани 94,7 милиони евра,од кои во првите два месеци од годинава се потрошени 16 милиони евра.
А за
капитални расходи, од вкупната сума од 415,9 милиони евра планирана за годинава, во првите два месеци од годината се потрошени се 28,5 милиони евра.
С.Н.