20 Декември, 2025
0.0461

БУЏЕТСКИ РЕБАЛАНС ВО СОБРАНИЕ: Поплавите ќе го продлабочат буџетскиот дефицит!

Објавено во: Економија 06 Септември, 2016 09:46

Добивај вести на Viber

Веќе седум дена пратениците расправаат за ребалансот на буџетот, а собраниската комисија продолжува со расправа и денеска.

Со ребалансот треба да се обезбедат дополнителни 2,240 милијарди денари за постојана резерва за надминување на последиците од поплавите во Скопско и Тетовско и да се изврши ревидирање на буџетскиот дефицит на ниво од четири отсто од БДП.

СДСМ е против новиот ребаланс бидејќи според нив има доволно средства во буџетот, чија пренамена може да ги покрие целото обесштетување, а од вкадеачката партија тврдат дека ставовите на СДСМ се политички предизборен маркетинг.

Од ДУИ побараа што побрзо да се изгласа ребалансот, а ДПА пак тврди дека ребалансот е антиалбански.

Со Ребалансот на Буџетот се посочува дека ќе се обезбедат 36,4 милиони евра за отштета, иако претходно премиерот Емил Димитриев изјави дека за оваа намена се потребни 33 милиони евра.

“Со Измените и дополнувања на Буџетот на Република Македонија за 2016 година се обезбедуваат дополнителни средства во износ од 2.240 милиони денари за постојана резерва за надминување на последиците од настанатата елементарна непогода. Дополнителните средства наменети за санирање на штетите делумно се обезбедуваат со заштеди од одредени позиции кај буџетските корисници, а делумно со зголемување на буџетскиот дефицит“ – се вели во предлог Ребаланс на Буџетот.

Буџетскиот дефицит подлабок, повеќе пари за плати ..

Со новите проекции буџетскиот дефицит се продлабочи, од 3,7% од БДП на 4% од БДП или во апсолутен износ тој ќе изнесува скоро 376 милиони евра што е за 31,5 милиони евра повеќе во однос на сегашните позиции.

Буџетски дефицит:

Буџет 2016 344,4 милиони евра

Ребаланс на Буџет 375,9 милиони евра

Владата до крајот на годината планира внатрешното задолжување да го одржи на исто ниво, надворешното да се намали, но затоа има зголемување на ставката кај државни депозити, односно до крајот на 2016 година ќе се посегне по трошење на парите од државната  сметка.

Со предлогот, буџетските приходи остануваат на исто ниво од 2,8 милијарди евра, додека буџетските расходи се зголемуваат на 3,2 милијарди евра. На расходната страна, се зголемува ставката за плати и надоместоци. Така, до крајот на годината Владата само по овој основ планира да потроши 431 милион евра.

Од друга страна, се намалуваат расходите за капитални инвестции за 3,3 милиони евра. Сега, со новиот буџетски предлог Владата за оваа намена планира да потроши

При овој ребаланс има повторно кратење на капиталните расходи за 3,3 милиони евра и тие ќе изнесуваат 363 милиони евра. Намалување на трошењата за капитални раходи имаше и претходниот ребалан на Буџетот. Токму кај оваа ставка, според податоците за Извршување на Буџетот за јуни има и позначајно потфрлување. Имено, заклучно со првата половина од годинава нивната реализација изнесува само 27% од проекцијата.

Реакции и од стопанството

Дел од стопанствениците велат дека ваквото кратење на парите за инфраструктурни проекти е очекувано, а за сметка на тоа Владата ги зголемува средствата за популистичките ставки.

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија изјавија дека и со овој ребаланс Владата не им излегува во пресрет на компаниите, особено на оние кои работат на инфраструктурни проекти.

„Пролонгираната политичка криза негативно влијае врз целото стопанство,  а исто така и врз полнењето на Буџетот. Со ребалансот само се потврди тоа што го очекувавме, дека прва ставка каде што се намалуваат трошоците се капиталните инвестиции. Ние и претходно кажавме дека капиталните инвестиции во претходните пет години беа на најниско можно ниво и дека тоа не е одраз на потребите на стопанството. Намалувањето на капиталните инвестиции е нешто што е очекувано и тоа не значи дека оваа Влада ќе излезе во пресрет на побарувањата на стопанството. Сметам дека приоритет повторно ќе бидат социјалните трансфери, а не другите потреби, како на пример оние на компаниите. Намалувањето на капиталните инвестиции ќе има негативни последици врз стопанството затоа што тековните проекти или оние што беа планирани нема да се реализираат, но исто така стравувањето е дека нема да се сервисираат потребите по однос на веќе постоечките договори, затоа што иако се вели дека полнењето на Буџетот од даноци е во благ пораст, ние сметаме дека сегашната техничка Влада нема да биде во состојба да ги сервисира адекватно потребите на стопанството“, рече Фатмир Битиќи, од  Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Од Стопанската комора на Македонија очекуваат дека со кратењето нема да бидат опфатени инфраструктурните проекти кои се од значење за економијата. Порачуваат да не се наруши темпото на реализација на клучните инфраструктурни проекти, бидејќи од нив зависи работата на компаниите.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба