14 Декември, 2025
0.0804

Буџетските намалувања во Велика Британија може да траат до 2018 година

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2012 15:54

Добивај вести на Viber

Острите мерки за намалување на буџетот и на буџетската потрошувачка во Велика Британија, би можеле да се пролонгираат и во следните шест години и да траат до крајот на 2018, проценува угледниот лондонски Институт за фискални студии.

Тоа е многу подолг период од оној што го предвидуваше актуелната коалициска Влада на премиерот Дејвид Камерон, по преземањето на власта во мај 2010 година, но во најновиот извештај на Институтот, што е објавен денеска, се наведува дека Министерството за финансии и натаму се соочува со „голема празнина“ и со кусок на пари во буџетот на државата, што не може да надокнади со сегашните владини мерки. Тоа ќе наложи не само намалување на буџетот, туку и натамошно зголемување на даноците и воведување на нови.

Прв на удар, според Институтот, може да се најде данокот на додадена вредност (ДДВ), што од сегашните 20, би можел да се зголеми на 25 отсто. Тоа ќе предизвика раст на цените, засилена инфлација и натамошно зголемување на животните трошоци кои и сега не се мали и претставуваат товар за пошироките слоеви во британското општетство.

Експертите на Институтот за фискални студии, сметаат дека британската економија и натаму е кревка и бележи сосема слаб и речиси незабележлив раст, што ја усложнува вкупната економска состојба во државата.

Идниата недела британскиот министер за финансии, првпат ќе ги соопшти во Парламентот сегашните состојби од тоа ќе може да се навестат мерките што Владата има намера да ги преземе во следната година

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск