Буџетот за догодина тежи 4,03 милијарди евра, ќе се издава развојна обврзница, ќе се продаваат државни компании
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2020
Буџетот за следната година тежи 4,03 милијарди евра и ќе биде буџет на поддршка на здравствениот сектор и погодената економија.
Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими ги соопштија клучните проекции за следната година. Таа се планира да е година на ревитализација, а вкупниот БДП да порасне 4,9 процент. Секако непредвидливоста поради вирусот останува, но властите се убедени во фискалната консолидација. Ќе се потрошат над четири милијарди евра, а вкупните приходи се позиционирани на 3,45 милијарди евра. Буџетскиот дефицит значи е 34,9 милијарди денари (567 милиони евра) или 4,9 проценти од БДП. Заев најави промени во изворите на финансирање на буџетските потреби и репрограмиирање на јавниот долг. Планирано е да се издаде развојна државна обврзница, а пари ќе се обезбедуваат и од приватизација на дел од акционерските друштва во кои државата е акционер или државните компании кои се во загуба, но и продажба на државно земјиште.
Заев и Бесими најавија кратење на непродуктивните трошења и поефикасно трошење на капиталните инвестиции. Тие се планирани догодина на 23 милијарди денари или 20 проценти повисоки од планот за 2020 година.
„Главни приоритети на Буџетот за 2021 година се поддршка на здравствениот сектор, што значи заштита на здравјето и животите на луѓето, економско заздравување и раст, преку мерки за социјално ранливите категории, поддршка на економијата и зачувување на работните места. Нашиот фокус во текот на 2021 година, колку што е можно повеќе го насочуваме на политики кои ќе поддржат инвестиции за зголемување на конкурентноста и политки кои ќе поддржат реализација на капитални инвестици што на среден рок ќе значи одржлив раст односно забрзување на стапката на раст, рече Заев.
Владата има предвидени 50 милиони евра резерва за ковид кризата.
А.Т.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.