05 Декември, 2025
0.0285

Бугарија го фаќа последниот воз, во четврток го потпишува договорот за „Јужен тек“

Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2012 19:30

Добивај вести на Viber

Бугарија ќе го потпише договорот за проектот „Јужен тек“ во четврток, 15-ти  ноември. Ова го изјави претседателот Росен Плевнелиев по средбата со министерот за економија, енергетика и туризам Делјан Добрев, на која и двајцата разговарале за условите од договорот, пренесуваат бугарските медиуми. Средбата беше иницирана, откако за време на викендот претседателот изјави дека се надева на поголема транспарентност за „Јужен тек“. „Сметам дека Владата треба да ги искористи следните денови, за да даде доволно  факти, бројки и податоци, со што ќе се постигне многу поголема транспарентност во однос на тоа што ќе се потпишува со Русија“, изјави Плевнелиев.  По средбата со Добрев тој посочи дека го поддржува проектот, но е важно Владата добро да го осмисли. Првично потпишувањето на договорот за „Јужен тек“ беше закажано за 9-ти ноември. Поради смртта на патријархот Максим, тој ден беше прогласен за жалост што ги одложи плановите на бугарската влада. Затоа сега договорот ќе биде донесен во последниот рок, согласно потпишаниот  меморандум во месец август меѓу „Бугарски енергетски холдинг“(БЕХ) и „Газпром“. Тогаш двете страни се договорија одлуката да биде донесена најдоцна до15-ти ноември. Ако тоа не се случи во овој рок, БЕХ ќе мора да го врати договорениот попуст на цената на гасот, кој беше издејствуван во текот на пролетта. Сепак по направените пресметки станува јасно дека попустот всушност се проценува на 70 милиони долари, наместо првично најавените од Владата, 120 милиони долари. Во четврток треба да биде потпишан и друг важен документ за Бугарија - новиот договор за набавка на гас по 2013 година. Ова прашање беше исто така било разговарано на средбата меѓу Плевнелиев и Добрев. Според Претседателот, за него е важно крајните корисници во Бугарија, оние кои ги плаќаат сметките за парно, како и претпријатијата кои користат гас да бидат информирани за цената, за да можат да планираат.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година