05 Декември, 2025
0.0270

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

Објавено во: Финансии 03 Декември, 2025 07:44

Добивај вести на Viber

Работата во државни институции, особено во регулаторните тела  или пак во разни агенции е особено примамлива за македонските граѓани. Платите кои ги добиваат вработените во овие институции остануваат меѓу највисоките во земјава, што дополнително влијае на тоа граѓаните да сакаат да работат „на државно“.

Најновата годишна програма за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор открива дека оваа институција брои само три лица, а од следната година треба да им се приклучат уште двајца вработени. Но, оваа институција, иако не е многу присутна во јавноста, и нема голем број обврски, со оглед дека железничкиот превоз во нашата земја не е либерализиран, и низ македонските пруги поминуваат „очајно“ малку возови, обезбедува навистина солидни или јасно кажано високи плати за своите вработени.

Грубо може да се каже дека вработените во агенцијата добиваат бруто плати од околу 1.900 евра, сума која не секој работник во Македонија може да ја добие. Секако, од овие средства дел одат за надоместоци, но и покрај тоа, паричните средства кои ги добиваат се многу примамливи. Само за плати оваа институција троши над еден милион евра.

-  Расходна ставка плати, надоместоци и трошоци за вработени. Во оваа ставка за 2026 година се предвидени средства за исплата на нето плати, надоместоци на плати и даноци и придонес од плати за 3 тековно вработени и 2 нови вработувања во износ од 6.837.000 денари. Планираниот износ е на минатогодишното ниво – се посочува во извештајот доставен во Собранието.

Деталите од документот откриваат дека за веќе вработените лица за исплата на плати се планира сума од 3.116.000 денари односно 50 илјади евра или тоа по вработен би било 1.400 евра нето плата. Додека за нововработените се планира сума од 1.517.000 денари односно 24 илјади евра или по вработен 1.027 евра нето. Во документот исто така е посочено дека за придонеси ќе бидат исплатени 2,2 милиони денари.

Според плановите на надлежните, во текот на идната година Агенцијата ќе има вкупни приливи од 13.876.000 денари (225 илјади евра), што е помал износ од оваа година за 17 проценти.

-  Во текот на 2026 година се предвидува ненаплатена годишна такса за регулирање на пазарот на железнички услуги од минатите години во износ од 520.000 денари, за разлика од 2025 кога пресметанот надоместок за годишна такса за 2024 година целосно е наплатен. Овој приход произвоегува од пресметани, а ненаплатени побарувања, согласно Законот за железничкиот систем. Побарувања по решенија за годишна такса за регулирање на пазарот на железнички услуги за дел од такса од минати години кои се уште не се подмирени, се пренесуваат како приходи во 2026 година – се посочува во документот доставен до пратениците.

Меѓу приходите кои си очекува Агенцијата за следната година се планираат и приходи од годишна такса за регулирање на пазарот во износ од 4.050.000 денари. Годишната такса изнесува 1,5 отсто од користење на железничката инфраструктура што ја наплатуваат управителите на инфраструктура од превозниците од минималниот пакет на услуги и пристапот до пруга. Овој приход се проценува врз основа на надоместокот за тековната година и тој е поголем за 9 отсто како резултат на планиран зголемен превоз во тековната година.

Од тековната година ќе бидат пренесени 8,8 милини денари, а се очекува приходи од дозволи за превоз, камати, провизии и други типови во износ од 450 илјади денари.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри

Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри

АКЦИОНЕРИТЕ НА ТИКВЕШ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОПАРАТ – дефинирана сумата по акција, парите ќе треба да легнат најдоцна до први март

АКЦИОНЕРИТЕ НА ТИКВЕШ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОПАРАТ – дефинирана сумата по акција, парите ќе треба да легнат најдоцна до први март