Бугарија го прифати францускиот предлог, но бара да се подобри, а јазикот останува спорен?
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2022 20:08
Бугарија си го модифицираше, па го прифати францускиот предлог.
Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент вечерва донесе одлука да го прифати предлогот на политичката партија „Демократска Бугарија“ за уредување на односите со Македонија. Тој всушност е модификација на францускиот предлог за кревање на ветото.
Заклучокот на Комисијата е дека бугарскиот Парламент и наложува на Владата да го одобри предлогот на француското претседателство за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство за Македонија со тоа што се бара документот експлицитно да се прецизира и подобри во „одбрана на бугарскиот национален интерес“.
Прво предлогот да се прецизира така што ќе гарантира вметнување на Бугарите во Уставот на Македонија таму, каде што се споменати другите народи и на рамноправна основа со тие народи. Ова според првичните толкувања значи вметнување на Бугарите во делот на Преамбулата на Уставот.
Второ, да се наведе јасно дека ништо во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не може да се толкува како признавање на Бугарија за постоење на македонски јазик.
Трето, да се дадат гаранции дека добрососедските односи остануваат хоризонатален критериум до крајот на преговорите на Скопје за членство и Европската комисија за цело време го информира Европскиот совет за имплементацијата.
Четврто, периодичниот преглед на исполнувањето на Договорот за добрососедство треба да биде јавно објаавен и во преговарачкиот процес.
Македонската власта го отфрли францускиот предлог.
foto BGNES
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




