Бугарски инвеститор ги оживува Злетово и Тораница?
Објавено во: Економија 18 Август, 2016 11:11
Бугарски инвеститор ги оживува двата рудници во Македонија. 1000 нови работни места сеотвораат во рудниците „Злетово“ и „Тораница“ пренесуваат бугарски медиуми, повикувајќи се на „Минстрој холдинг“.
Компанијата на бизнисменот Николај Валканов практично ја обнови работата на двата рудници, земајќи концесија за екстракција и купувајќи ги средствата на мините, затворени од претходниот сопственик - индиски претприемач. Отварањето на две локации ќе биде на 28 август во област Пробишти, соопштил Николај Валканов, претседател на одборот на директори на „Минстрој холдинг“ за „24 часа“.
Инвестицијата е над 20 милиони евра. Подготовката на објектите оди уште од јуни. Досега таму работеле околу 200 рудари и петмина водечки бугарски инженери. Македонскиот рударски институт пак го направи проектот за модернизација.
Договорот за „Злетово“и „Тораница“беше финализиран на 6 јули, а концесијата беше добиена на аукција од бугарскиот холдинг во април. Станува збор за оловно-цинкови руди со добри резерви и подобри можности за работа. „Имаме искуство во зацрвстувањето на ликвидирани претпријатија и мини, како што беше во Мадај“, коментира Валканов, мислејќи на купувањето на „Горубсо-Мадај“во момент во кој претпријатието беше задолжено, претходниот сопственик не исплатувал плати, а рударите протестираа.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




