19 Декември, 2025
0.1499

Бугарски правни и физички лица имаат депозити од 100 милиони евра во кипарски банки

Објавено во: Свет 21 Март, 2013 11:47

Добивај вести на Viber

Бугарски правни и физички лица, без банките, имаат депозити во износ од вкупно 100 милиони евра во кипарски банки, покажува статистиката на Европската централна банка,  јави БТА.

Депозитите во кипарските банки изнесуваат вкупно 107,8 милијарди евра. Од нив 38,2 милијарди евра се на банки, а 69,6 милијарди евра - на други правни, како и на физички лица.

Малку повеќе од половината од вкупната сума на депозитите, 56,6 милијарди евра е на кипарските депозитори.

Романски физички и правни лица (без банки) слично на бугарските, имаат вкупно 100 милиони евра во кипарски банки.

На прво место според тој показател во ЕУ убедливо се Грците со 4,7 милијарди евра, по што следуваат Британците со две милијарди евра.

ЕЦБ не објави статистика за депозитите во кипарските банки од ЕУ земја по земја и не изнесе податоци за депозитите од држави надвор од ЕУ.

Според меѓународната рејтинг агенција Мудис руски банки имале вложено девет милијарди евра на крајот на минатата година во кипарски банки од банки надвор од ЕУ, (од вкупно 12,8 милијарди евра, вложени во кипарски банки од банки надвор од ЕУ, според ЕЦБ), а руските корпоративни депозити на островот изнесуваат околу 15 милијарди евра

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја