19 Март, 2024
0.0510

Бугарски турист

Објавено во: Колумни 15 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Ако сакаше некого да го направиш смешен и да го исмееш ќе му речеш:Глеј се каков си бе ко бугарски турист!Времето беше некаде во 70-те години, кога Скопје навистина вриеше од посетители од кај нашиот источен сосед.Повеќето доаѓаа на гости(на повеќедневен престој,храна и стан кај ск,пите роднини во западна Бугарија што на крај требаше да ги испратите со подароци-ја брсни ме за спомен). Меѓутоа, имаше и вистински туристи организирано дојдени во СРМ.Мета беа Охрид-лулката на б,лгарштината(според нивно тврдење) и Скопје(ГТЦ и дуќаните низ центарот).

Како изгледаше туристот од НР Б,лгарија?Секој трети со фотоапарат препашан преку рамо(Лајка или Смена обавезно),некоја шапка на глава,значки на реверот, ко да е Брежњев со воените ордени,ако е времето ни вамо ни тамо носеше шушкавец со колан врзан околу половината(гестаповски имиџ) а панталоните над глежњеви(ко да му зимале мерка во плиткото у Вардар).Пазареа работи за кои ни на крај памет не би ти било да се кренеш од некаде и да дојдеш на шопинг,но секоја куповка содржеше чорапогашници и д,вки(хулахопки и мастики за жвакање).Од кај да знаеме ние обичните бадијалџии и корзаџиски кибицери што е тоа дефицитарна стока,а уште помалку организирано државно производство и петолетка(за нас со развиен самоуправен социјализам тоа беше далечно минато) и дека нашите гости доаѓаат во непотполн состав(да не ти ги пуштале сите од семејството да тргнат преку граница за да, недај боже, не киднат).

Поорганизираните групи доаѓаа и со превоз-во автобуси Шкода или Татра(малку посовремени од автобусот крнтија од филмот„ Ко то тамо пева“).Вртеа низ Скопје и обавезно поминуваа покрај Универзална (демек зданието што го гледате лево од вас е б,лгарска помош на братскиот народ во настраданото Скопие),а сегато сме пред гимназијата Георги Димитров изградена од нашите левчета.Што е најинтересно и во полза на развојот на успешниот туризам меѓу двата братски народа често учениците што доаѓаа во прва смена на настава во хигиенските простории наоѓаа задоцнети спијачи од нивните училници и од фискултурната сала, се разбира со пешкири  и со четкици за заби и калодонт во рацете.

Како размена ние југо туристи одевме во Софија и приморските места со потрепштини што ги продававме за марки и потоа трошевме ко да сме американци(у диско не не пуштаа без вратоврски па моравме да ги купиме на самото место од некој стуткан како последна пара домешен комсомолец и уште да земеме две-три девојчиња што чекаа пред врата да влезат внатре).Се осеќавме како американци на Куба, во најмала рака.....

Не ми е познато како гледаат на нас сега нашите соседи, одамна граѓани на ЕУ, кога чопоративно ја поплавуваме Бугарија за продолжените викенди, во летните месеци во Варна,а зиме на скијање во Банско.Нема ништо од чаламот по Бугарија што ние го продававме дојдени со по стотина марки.

Ни годеше шегата што самите си ја измисливме на времето-демек бугарите на романците во Мамаја им велеле „ние сме за вас југословени“.....еј!   


Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?