15 Декември, 2025
0.3704

БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Нема план Б за Македонија

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2025 17:11

Добивај вести на Viber

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев вели дека за Македонија нема план Б. 

Вели дека Софија ќе се придржува кон договорот од 2022 и исполнувањето на обврските при преговорите за кластерите. Георгиев е категоричен дека Бугарија нема да престане да повторува дека усогласеноста со европските барања е она што е потребно за да се постигне напредок.

На прашањето дали Бугарија веднаш би ставила вето ако случајно разговорите на премиерот Христијан Мицкоски со европските партнери доведат до почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ пред да има промена во уставот, тој одговори дека од сите разговори што ги водел досега, нема план „Б“. 

„Планот е еден – промена на уставот, исполнување на критериумите на кластерот, за да може процесот да продолжи напред. Ова го рече австрискиот колега – користење на комплетот алатки за разговори, но исполнување на критериумите, промена на уставот, сè што е утврдено во консензусот од 2022 година“, додаде министерот за надворешни работи  на Бугарија. 

Истиот став го споделуваат  и европските лидери. И тие повторија дека мора да функционира планот А, а план Б нема. 

Инаку, бугарските пратеници денеска едногласно дадоа поддршка на резолуцијата за Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани