БУГАРСКИОТ ПРОФЕСОР ТАШЕВ ЈА ОБВИНУВА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: „Го викнале Петифер да им напише монографија со платена публикација и хонорар за авторот“
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2025 07:20
Бугарскиот професот Спас Ташев, не престанува со провокативните текстови на социјаните мрежи во кои се споменуваат Македонија и македонските функционери.
Овој пат тој реагираше на средбата на претседателката Гордана Силјановска Давкова со професорот Џејмс Петифер, тврдејќи дека на професорот му требале пари и дека дошол во земјава заради финансиски потреби, а за возврат да напише монографија која ќе ја брани Македонија.
„Забележав дека претседателката на Македонија, Гордана Силјновска-Давкова, вчера објави дека имала „уште една инспиративна средба со оксфордскиот професор Џејмс Петифер, реномиран историчар, автор на повеќе книги за историјата на балканските народи, меѓу кои и ‘Езерата и империите во македонската историја’“.
Судбината индиректно ме „сретна“ со господинот Петифер додека ја пишував докторската дисертација за Бугарите во Албанија и Косово. Тогаш налетав на неговата книга „Албанија“ (1996). Во делот за етничките малцинства во земјата, единствено „Македонците“ ги става во наводници и го истакнува нивното бугарско потекло. За населението од Кукуска Гора наведува дека зборува бугарски јазик (Pettifer, 1996: 284). За регионот на селото Шиштавец, на пример, пишува дека бугарските елементи доминираат.
Сега, господинот Петифер е повозрасен, оди со бастун и очигледно има потреба и, како што изгледа, ја продава својата научна совест на Скопје. Најверојатно, наскоро ќе видиме нова монографија „под негово име“, која ќе го брани македонизмот. Кажувам „под негово име“, затоа што праксата во Скопје е одамна позната:
-
Наоѓаат странски научник кој има потреба од финансиска поддршка.
-
Го покануваат во Скопје и му ги покриваат сите трошоци.
-
Му нудат учество во „научен проект“.
-
Во Македонија пишуваат монографија и предлагаат таа да излезе под негово име — со платена публикација и хонорар за „авторот“.
Согласете се — само научници со силен морал би одбиле ваква понуда.
И тука оправдано се поставува прашањето: каде е Бугарија?
Зошто не ги бара своите пријатели низ светот?
Зошто кај нас секогаш има средства за крадење, но кога се бараат средства за одбрана на националната кауза, претставниците на извршната власт беспомошно ги креваат рамениците?
Со ова, благо речено, недејствување на нашите власти — се служат туѓи интереси.
Изгледа дека ќе треба да му пишеме писмо и на господинот Петифер, обидувајќи се повторно да ја завршиме уште една незавршена работа на државата. Речиси сум убеден дека ќе се засрами и нема да ја прифати сомнителната понуда од Скопје“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




