БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

Објавено во: Македонија 14 Март, 2025 21:44
Бугарските власти велат дека изградбата на пругата не е одложена.
Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило изградбата на пругата кон Република Северна Македонија“.
Тврдењето дека Бугарија ја одложила модернизацијата на бугарскиот дел, министерството за БТА го оценува како медиумска шпекулација.
„Министерството за транспорт и врски со години прави напори за развој на Коридорот 8, кој го поврзува Јадранското Море со Црното Море преку Албанија, Република Северна Македонија и Бугарија. Од вкупно 1220 километри железница, повеќе од половина од нејзината должина – 747 километри, е на територијата на Република Бугарија. Од нив останува да се изградат само 2,5 километри железничка пруга – од Ѓуешево до Деве Баир (границата со Република Северна Македонија). Делот е финансиран во рамките на Програмата за транспортна поврзаност 2021 – 2027 година и ќе биде завршен согласно распоредот до 2029 година. За споредба, делницата што недостасува на територијата на РСМ е приближно 70 километри“, соопшти Министерството, пренесува БТА.
Велат дека железничката линија Радомир – Ѓуешево е во функција и по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, преку прекуграничен тунел ќе може да се приклучи на мрежата на операторот на Република Северна Македонија.
„На 15 јануари 2025 г. согласно утврдената процедура, Бугарија ѝ предаде на Република Северна Македонија нацрт-договор за прекуграничен железнички тунел со Република Северна Македонија, во кој се претпоставува дека страните имаат заедничка цел – изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во граничната област, вклучително и преку спроведување на јавна набавка за изградба и надзор на изградбата на тунелот од страна на една од договорните страни и напорите за обезбедување грант помош за негова изградба, бидејќи изградениот објект треба да ги исполнува барањата на ЕУ и НАТО за ваков тип на инфраструктура. До денес нема официјален одговор од РСМ“, велат од бугарското Министерство.
Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека ја пријавил Бугарија во европските политички и финансиски институции, по нејзината одлука да ги пренамени средствата за изградба на железничкото поврзување со Македонија.Можеби ќе ве интересира
СЕ НАВРШИЈА ОСУМ ГОДИНИ ОД „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“: Македонија се сеќава на упадот во Собранието

ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД: Во следните денови очекувајте променливо и посвежо време

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ РАКУВАШЕ СО МЕЛАНИЈА ТРАМП: Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет во решавањето на проблемите на обичните луѓе

ЧЕСТО НА ЗАПАД, РЕТКОСТ КАЈ НАС: Дали би читале книга на јавно место?

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата
