Бујар Османи: Албанија има право да го дигне гласот
Објавено во: Македонија 14 Април, 2022 11:39
„албанија има право да го дигне гласот“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за можноста по јуни Македонија да биде раздвоена од заедничкиот пакет на двете земји за отпочнување на преговорите со ЕУ. Шефот на македонската дипломатија сепак и натаму е оптимист дека до тогаш ќе дојде до договор со Бугарија и дека ќе биде тргната блокадата.
- Одлуката за раздвојување не е ниту на Албанија ниту на Македонија, тоа е одлука на змејите-членки на ЕУ за тоа дали Албанија ќе ги започне преговорите во јуни. Но тоа не е од интерес на Албанија, затоа што овие состојби се циклични. Некогаш ние ја влечеме Албанија, некогаш Албанија не влече нас. Албанија има право да го дигне гласот, но сум свесен дека го дели мислењето дека долгорочно тоа не е и одговара, а и земји членки тврдат дека тоа ќе на наруши регионалната динамика, рече Османи како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Министерот смета дека нема да има потреба од раздвојување доколку до јуни дојде до некаков договор со Бугарија.
- Прашањетп за Албанија ќе се актуелизира од јуни, доколку ние не ги започнеме преговорите. Албанија секако ќе го засили лобирањето. Затоа сметам дека треба да сме фокусирани да не дојде до тоа ова прашање да се актуелизира, изјави Османи.
За најеваната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков в сабота во Битола, тој рече дека ќе има и официјална владина средба, покрај неговата посета на бугарскиот културен центар таму.
- Со премиерот Петков договараме да има и пофицијална средба, не можам да кажам дали ќе биде со Ковачевски, бидејќи тој имаше здравствени проблеми. Ќе биде за далеководот Битола - Елбасан а преку кој Бугарија ќе може да извезе струја на европскиот пазар. Потоа бугарската делегација ќе има свои ангаќмани преку амбасадата со културниот центар во Битола, наведе Османи.
Министерот додаде дека какво решение и да се постигне со Бугарија, и двете влади ќе наидат на отпор во своите земји, но дека засега нема никаков документ кој би можел да се сподели со пратениците.
За фамозните коментари на бугарскиот претседател Румен Радев за македонскиот попис, тој рече дека Бугарите во Македонија имаат рамноправен статус.
- Во Македонија нема малцинства, туку етнички заедници по потпишувањето на охридскиот Рамковен договор, рече Османи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




