Бујар Османи: Проверив, во Јордан сме добиле урми
Објавено во: Македонија 24 Март, 2023
Министерот за надворешни работи Бујар Османи не открива детали дали лани во Јордан при посета на оваа земја добил подарок златен ајфон со вграден дијамант.
Во краткиот одговор за Телма, која успеала да стапи во контакт со шефот на македонската дипломатија, тој ги негирал таквите информации и иронично изјавил дека „МНР добило урми од Јордан“.
–Проверив, од МНР на Јордан на подарок сме добиле урми (овошје), возвратил Османи на прашањето.
Информациите на А1он велат дека и другите дипломати кои го придружувале министерот добиле подароци - златен накит.
Османи оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво, Ајман Сафади, како и со министерот за земјоделство, Халид Ал-ханифат, потпишувајќи неколку билатерални договори со оваа земја. Вредниот подарок тој го добил од домаќинот.