18 Декември, 2025
0.0652

Царина од 23 увозници на нафта наплаќа 20 милиони евра за акцизи од минатата деценија

Објавено во: Економија 18 Мај, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Во последите две години и неколку месеци Царинската управа изготвила решенија за безмалку 20 милиони евра како дополнителна наплата на акцизи плус камата за увоз на горива од нафтените трговци за периодот од 2014 до 2019 година. Од Управата велат дека станува збор за 23 компании увозници на горива, а во случајот со ОКТА, која треба вонредно да плати 13,5 милиони евра, тогаш била внесена погрешна единица мерка при пресметките.

АД ОКТА во својот годишен извештај за резултатите во 2021 објавен на македонската берза информираше дека на државата треба да и исплати вкупно 13,9 милиони евра за неправилно пресметана акциза. Станува збор за пресметка на акцизите за увоз на еуродизел за периодот од 2014 до 2018 година.

„По истиот основ, за извршени увози во период од 2014 до 2019 година, Царинската управа изврши контрола во 23 компании (вклучително и Окта Рафинерија на нафта АД) за кои во период од 12.2019 година заклучно до денес, изречени се 5248 извршни решенија за дополнителна наплата, со вкупен долг од  1187 милиони денари (главен долг и камата)“, информираат од Царинската управа.

Окта треба да плати дополнителен износ за акциза за еуродизел за фискалните 2015, 2016, 2017-та. Сумата што рафинеријата треба да и ја доплати на државата сега изнесува 830 милиони денари или 13,5 милиони евра. На 31 декември 2021-ва Окта има направено резервации во висина од 954 милиони денари за потенцијални идни одливи на парични средства. Сепак, компанијата повторно за целиот случај бара судска разврска, додека од Царина велат дека повеќето решенија се правосилни.

„Царинската управа во 2019 година при контрола на платената акциза кај економскиот оператор ,,Окта Рафинерија на нафта АД” утврди дека за акцизното добро еуродизел распореден во тарифна ознака 2710194300 од Царинската тарифа,  неправилно е пресметана акцизата, во несоодветна единица мерка, спротивно на член 28 став 2 од Законот за акцизи, при што спроведена е управна постапка за дополнителна наплата на акциза со донесување на Решенија за дополнителна наплата.  Поголем дел од истите веќе се и правосилно завршени. Дополнително, Управниот суд и Вишиот управен суд ги потврдија Решенијата на Царинската управа“, гласи одговорот од управата.

Минатата година со изменувањето и дополнувањето на Законот за акцизите се изврши изедначување на износот на акцизата на гасното масло наменето како гориво за греење со акцизата на гасното масло како погонско гориво, при што се пропиша враќање на дел од платената акциза. Имателите на акцизна дозвола и увозниците на енергенти имаат обврска да направат попис на залихите и да извршат доплата на акцизата;

Се додадоа и нови членови кои се однесуваат на враќањето на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење во домаќинствата и обележаното гасно масло употребено во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата.

Во годишниот извештај за 2021 на Царинската управа се вели дека во постцаринска контрола лани биле извршени 137 контроли на иматели на акцизни дозволи или одобренија и на трговци на големо и мало со минерални масла и откриени се 53 случаи на помалку платена акциза во износ од околу 5,5 милиони евра. Утврдени се 14 акцизни прекршоци. 

Во 2021 биле издадени 680 решенија за дополнителна наплата на увозни и акцизни давачки за дополнителна вонредна наплата за разни стоки на вкупен износ од 530 милиони денари, или околу 8,7 милиони евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа