Царина од дури 40 отсто за македонското јаболко, Николовски ќе се обиде да ја намали
Објавено во: Агробизнис 24 Март, 2019 13:20
Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е во Египет каде што ќе се обиде да ја намали големата царинска стапка од друи 40 отсто за македонското јаболко.
Од нашата држава во Египет најмногу се извезува јаболка, праски, тутун и месо. Во 2018 година, извозот кон Египет бил во вредност од близу шест милиони евра.
Николовски во Египет се сретна со министерот од неговиот ресор.
- Со Ezz El-Din Omar Abu Steit ќе разговараме за унапредување на трговската размена, за потенцијалните земјоделски производи кои од Република Северна Македонија може да се извезуваат во Египет, како и за иницијативата за намалување на увозните тарифи, објави министерот.
На состанокот се разговараше за унапредување на трговската размена, за потенцијалните производи кои од Република Северна Македонија може да се извезуваат во Египет, како и за иницијативата за намалување на увозните тарифи.

Од страна на египетскиот министер за земјоделство беа назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од Република Северна Македонија. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет Прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од РСМ во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства.
- На работниот состанок ја истакнав подготвеноста од страна на Владата на РСМ, за склучување на преференцијален договор кој што ќе биде основа за продлабочување на трговијата помеѓу двете држави. Една од темите за кои разговаравме со египетскиот министер беше примената на Протоколот за соработка во областа на земјоделството со Египет и почетокот со работа на работните групи од двете земји согласно одредбите од Протоколот, соопшти Николовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





