17 Мај, 2024
0.3387

Царовска: Користење надоместок во случај на невработеност побарале 3.900 лица

Објавено во: Економија 03 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Бројот на отпуштања поради кризата предизвикана од Ковид-19 досега не е драстичен, а лицата коишто останале без работа веќе поднеле барања за користење на надоместок во случај на невработеност, или за влез во системот на социјална заштита согласно условите коишто ги исполнуваат. Ова го кажа вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, во емисијата „Трилинг" на ТВ 24.

Во Агенцијата за вработување се поднесени околу 3.900 барања за користење на надоместокот во случај на невработеност.

„Досега се решени 1.800, а 1.900 се во обработка, додека само 100 се негативни што значи дека има поднесено ваков тип на барања и позитивно се решаваат во најголем дел и тој систем на поддршка си продолжува за работниците“, рече Царовска.

Според неа, тоа укажува дека системот повторно ги превзема граѓаните и дека државата има одредена заштитна функција. 

Вицепремиерката рече дека во тек се разговори и консултации со синдикатите, граѓанските здруженија и преставници од Владата за да се направи баланс меѓу работодавачите и работниците во уредбите што ги носи Владата.

„Целта е двете страни да имаат придобивка од мерките коишто ги носиме и јас сум сигурна дека ќе постигнеме таков договор, се со цел да можеби одредена фирма досега ако отпуштила работници, да може да ги оствари субвенциите за да може да ги задржи останатите вработени. Секако и вработените да добијат одредени бенефиции или одредена поддршка од страна на државата“, нагласи Царовска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА