05 Декември, 2025
0.1768

Cе топат милијардите на индиските богаташи

Објавено во: Стил 23 Август, 2013 09:56

Добивај вести на Viber

Богатството на индиските милијардери почна да се топи. Како што пренесува „Блумберг“, најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани, истовремено е и најголем губитник во земјата. По падот на индиската рупија во однос на американскиот долар, неговото богатство се намалило за дури 24 проценти. Валутата достигна рекордно ниско ниво од 64,55 рупии за долар. Мукеш Амбани, кој е претседател на најголемата рафинерија за нафта во светот Reliance Industries, изгуби 5,6 милијарди долари од благосостојбата од 1 мај наваму. Амбани има нето богатство во вредност од 17,5 милијарди долари според индексот на милијардери на “Блумберг”. Тој сепак не е единствениот губитник меѓу индиските милијардери. Помалиот брат Анил Амбани поседува богатство од 6,30 милијарди долари и е осми по богатство во земјата, според рангирањето на “Блумберг”. Тој од своја страна изгуби 17% од своето богатство, односно 1,3 милијарди долари. Дилип Шангхиви, кој е основач на најголемиот производител на лекови во Индија, Sun Pharmaceutical Industries, изгубил 2 милијарди долари. Тоа го прави втор најголем губитник меѓу индиските милијардери. Тој поседува богатство од 10,2 милијарди долари. Претседателот на Aditya Birla Group, Кумар Мангалам Бирла, изгуби околу 950 милиони долари или околу 11% од нето богатството, од месец мај.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: