20 Декември, 2025
0.0598

Цела Америка на нозе – нов инцидент само ги подгреа протестите

Објавено во: Свет 27 Ноември, 2014 12:11

Добивај вести на Viber

Продолжуваат протестите во САД поради одлуката на судот да не поведе постапка против полицаецот Дарен Вилсон, кој во август во Фергусон го уби црномурестиот тинејџер Мајкл Браун, кој не беше вооружен. Претстојниот викенд во Америка се одбележува Денот на благодарноста, кој традиционално ги собира американските семејства, но оваа година нема ништо идилично во овој празник. Земјата ја потресуваат масовни расни протести од источниот до западниот брег, проследени со немири, насилство и инциденти. Не помогнаа ниту апелите на американскиот претседател Барак Обама за смирување на ситуацијата. И Обама самиот призна дека „некои заедници во САД имаат чувство оти законите не важат подеднакво за сите“. Дополнително, атмосферата уште повеќе ја подгреа информацијата дека полицаец на игралиште во Кливленд го убил 12-годишното момче со афроамериканско потекло Тамир Рајс. Рајс бил убиен откако непознато лице пријавило дека на игралиштето си игра со „веројатно лажен пиштол“. На крајот се потврдило дека пиштолот е лажен. Демонстрациите синоќа беа особено насилни во Оукленд, каде што биле уништувани полициски автомобили и продавници, а тензично било и во Минеаполис, каде што возач со својот автомобил се обидел да прегази една демонстрантка. Учесниците на протестите ширум САД симболично ги подигаат рацете во вис пред американските полицајци, како за време на кинеските студентски протести на плоштадот Тјенанмен пред 25 години.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја