ЦЕЛА ФРАНЦИЈА ШОКИРАНА ОД НОВА БРУТАНОСТ НАД ДЕВОЈЧЕ: Малата Ванеса е киднапирана после училиште, силувана и убиена
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2022 13:10
Франција е повторно шокирана од силувањето и убиството на
14-годишното девојче на југот на земјата, само неколку недели по бруталното
убиство на 12-годишната Лола Давиет во Париз, пишува Телеграф.
Полицијата уапси маж (31) осомничен за силување и убиство на Ванеса. Тој насилно ја внел во својот автомобил тој ден откако го напуштила училиштето во јужниот град Тонен. Го оставил телото на девојчето во напуштена куќа, но полицијата успеала брзо да го идентификува со помош на камери за надзор, соопштија властите.
Обвинителот во Азен на новинарите во саботата изјави дека осомничениот го признал делото.
„Кога полицијата отиде да го уапси во неговиот стан во градот Марманд, тој рече дека „знаел зошто се тука“ и го признал делото“, изјави обвинителот за Ројтерс.
#Vanessa 14 ans #enlevée #violée et #tuée par #RomainChevrel âgé de 31 ans marié père de famille pic.twitter.com/TzqBWWw1cZ
— Patriote Sécurité Reconquete (@PatrioteEngager)November 21, 2022
Осомничениот веќе и е познат на полицијата. Имено, тој е осуден на условна 15 дена за сексуална агресија врз друга малолетничка во 2006 година, кога осомничениот имал само 15 години.
Данте Ринаудо, градоначалникот на Тонен, во понеделникот им изјави на новинарите дека родителите на девојчето, кои имаат колумбиско потекло, сакаат да ја погребаат нивната ќерка во Гранада, Шпанија, каде семејството живеело неколку години пред да се пресели во Франција. Тој рече дека започнал онлајн кампања за собирање помош за семејството, а во петок ќе се организира марш во градот.
Новото убиство доаѓа само неколку недели откако Франција беше потресена од бруталното убиство на 12-годишната Лола Давиет во Париз, чие тело беше пронајдено во куфер во близина на нејзиниот стан. Главниот осомничен во овој случај, 24-годишна жена, е обвинета за убиство, силување и тортура.
Убиството на Лола стана извор на политичка тензија, при што опозициските партии го искористија профилот на осомничениот - илегален имигрант - за да повикаат на построги имиграциски политики.
Во двата случаи, екстремно десничарската опозиција ги критикуваше судските и политичките власти дека се меки кон криминалот и дека не прават доволно за да ги задржат опасните поединци од улиците
Можеби ќе ве интересира
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација




