19 Јули, 2025
0.0331

ЦЕЛОСНО ПРЕФРЛАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА „ВАН ХОЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА - еве што вели сопственикот на „Актива“, Николов

Објавено во: Економија 08 Април, 2024 13:57

Добивај вести на Viber

Сопственикот на копанијата „Актива“ Иле Николов денеска информира дека компанијата се подготвува за целосното префрлање на производството на компанија „Ван Хол“ од Белгија во Северна Македонија.

Сопственикот на „Актива“ во Штип која е партнер со белгиската компанија „Ван Хол“ рече дека веќе две години се заговарало за постепено префрлање на целосното производството

- Ние за таа работа веќе се спремивме „Актива“ минатата година имаше дополнителни инвестиции во делот на машинскиот парк и веќе е зголемен товарот на произвоство и немаме од наша страна закаснување за нивните потреби, потребите за зголемување на прооизводството ќе бидат следени и како ќе бидат доставувани барањата од нивна страна ние ќе го следиме тоа. Веќе сме во фаза на изградба на уште еден производен погон од 8 илјади квадрати кој ќе биде исто така во функција на зголемување на капацитетите на нашите компании. Така да, ние во целост сме спремни за таа работа, посочи Николов.


Во однос на девизниот прилив за „Актива“ од соработката со белгиската компанија за минатата година рече дека изнесува околу 15 милиони евра и дека следната година очекува доста поголем прилив.

- За оваа година очекуваме доста поголем прилив, се зависи од нарачките, сега за сега имаме на месечно ниво околу милион ипол евра до два милион евра, значи очекуваме некаде 20 до 25 милиона евра, појасни Николов.

Додаде дека во моментот 200 луѓе работат за потребите на белгиската компанија и дека најверојатно ќе има зголемување на бројот.

-Ние сега веќе 200 луѓе кои работат за потребите на Ван Хол и најверојатно ќе имаме зголемување и на бројот на вработените, но пак ќе повторам ние доста сме машински опремени, а машинското производсттво е потребно за нивните потреби, исто така имаме оддел за роботско заварување каде до пред две години имавме само два роботи за заварување сега имаме 12 од кои веќе се две сериозни роботски линии каде што претежно таму ги инсталираме елементите потребни на „Ван Хол“, истакна тој.


Николов, исто така не ја исклучи можноста за автобусите од „Актива“ во иднина да превезуваат војници на НАТО.

Фактор пред една недела објави дека има големи промени во компанијата. 

Извори од компанијата за Фактор велат дека таму се подготвува промена на сопственоста на фирмата мајка, и дека можни купувачи се или холандската компанија VDL за производство на автобуси, или, пак белгиска компанија Dumarey Group.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Во кои шест европски земји просечниот работен век е 40 години?

Во кои шест европски земји просечниот работен век е 40 години?

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

За безвизно патување во ЕУ ќе плаќаме не 7, туку 20 евра?

За безвизно патување во ЕУ ќе плаќаме не 7, туку 20 евра?

Развиените земји ја намалија имиграцијата - зошто немаат економски раст како што очекуваа?

Развиените земји ја намалија имиграцијата - зошто немаат економски раст како што очекуваа?

Земја од БРИКС размислува наместо од Русија да добива нафта од друго место?

Земја од БРИКС размислува наместо од Русија да добива нафта од друго место?

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија