ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ СЕ ЗАМРЗНУВА - Ковачевски ги соопшти првите одлуки на новиот владин кабинет
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2023 13:58
Цената на лебот се замрзнува на 33 денари, а се укинува и мерката за поддршка на компаниите за електрична енергија, со која досега добиваа струја по цена од 80 проценти.
-
На
почеток на март минатата година, со министерот Бектеши ги информирвме граѓаните
и компаниите за првиот пакет мерки, јасно кажавме дека главна цел е заштита на
граѓаните од голема економски криза.
Истите цели ги кажавме и при вториот пакет мерки.. Никого нема да оставиме сам да се справуа со последиците од енергетската криза.
Вкунпиот пакет за домашната економија, граѓани и компании, изнесува над 750 милиони евра. Според податоци на Светска банка, ние имаме највисока поддршка во регионот, пет проценити од БДП.
Донесовме повластена тарифа, пониска од берзанските цени, од декември производствени капацитите на оснвни производи, се снабдуваат со пониска цена на струја, по 80 евра за мегаватчас, во услови кога таа беше над 400 евра, со цел да се намалат цените.
Помина доволен период за цените да се усогласат, бидејќи помошта беше навремена.
Иако производителите на основни прехрамбени продукти добиваа струја по пониска цена, истите цените на своите производи не ги намалија, или тоа беше незаначително... ова се однесува на дел од производителите на освновни прехрамбени произовди, а дел ги намалија од 7 до 12 проценити.
Затоа на денешната седница оваа мерка ја укинавме, и производителите од утре ќе се снабдуваат по регулираниот пазар.
Исто така ја замрзнуваме цената на лебот до 33 денари, и тоа за бел и полубел леб со грамажа од 450 грама - соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




