05 Декември, 2025
0.0488

ЦЕНАТА НА МАСКИТЕ СЕ ВИВНА И ДО 30 ДЕНАРИ - пазарните инспектори немоќни: живееме во пазарна економија

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Март, 2020 14:02

Добивај вести на Viber

Јагмата по хируршки маски ги дигна нивните цени во некои аптеки. Некои граѓани за Фактор велат дека во некоја од аптеките низ градов купиле обични хируршки маски по цена од 30 денари, а тврдат дека за нив до пред појавата на коронавирусот се плаќале по три денари. Исто така, некои од поквалитетните маски, кои претходно, на пример, се продавале по 100 денари, сега достигнувале цени и до 370 денари.

А како што е познато, кога изби коронавирусот, Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови да преземат мерки доколку утврдат дека има неосновано покачување на цените и злоупотреба на залихите на заштитните средства.

„Ќе се спроведе во целост задолжението до Пазарната инспекција и до Агенцијата за лекови да се направи увид и контрола на залихите на заштитните средства, и доколку се утврди неосновано зголемување на цените, ќе бидат преземени мерки соодветно за законските прописи и овластувања“ се нагласуваше во соопштението.

Фактор праша во Пазарниот инспекторат дали одат на терен и дали проверуваат дали има неосновано зголемување на цените на маските, заштитните средства, или евентуално на некои прехранбени производи. Оттаму велат дека нивни екипи се постојано во теренски проверки, но формирањето на сите цени во аптеките досега е поткрепено со документи, што значи дека наодите се дека се е направено легално.

„Мора да знаеме дека функционираме во услови на пазарна економија. Тоа значи дека цените се формираат пазарно, односно во зависност од понудата и побарувачката. Во земјава нема производство на маски, туку тие се увезуваат од странство. А познато е дека ниту една земја сега не сака да извезува маски, што значи дека нивната цена расте на светскиот пазар“, објаснуваат од Државниот пазарен инспекторат. 

Оттаму велат дека тие можат да проверуваат дали цената е зголемена согласно законските прописи. Кога аптеките ќе добијат фактура од увозниците, ги задолжуваат нивните единици да продаваат по тие цени. Се зависи од тоа за колку аптеките ги набавиле маските, каков е нивниот квалитет, дали се еднослојни, двослојни и слично.

„Од јануари досега не најдовме дека некоја аптека неосновано ги зголемила цените. Секаде каде што проверивме, се беше поткрепено со документација“, велат од Инспекторатот.

Од оваа институција нагласуваат дека во моментов на нашиот пазар се уште важи слободно формирање на цените.

„Владата досега не кажала дека се утврдуваат цените на некои производи. Односно, оттаму не кажале цената на маските да изнесува, на пример, максимално 10 денари, и да не смее да се зголеми повеќе од таа цена. Или за цената на заштитните средства, или за цените на брашното. Кога тоа би се случило, сите што продаваат над тие цени, ние би имале основа да ги казнуваме. Во овој случај немаме таков основ“, објаснуваат пазарните инспектори. 

За цената на брашното, пак, инспекторите во некои маркети пронашле дека дури тие се намалени во однос на пред два месеци, што се поврзува со движењето на цените на светскиот пазар.

Инаку, за сите наоди од терен, договорено е Пазарниот инспекторат да ја информира Владата и министерот за здравство, Венко Филипче.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени